Утрински Весник
Спорт

Ферари го затвори музејот во Маранело поради епидемија на коронавирус

Ферари го затвори музејот во Маранело поради епидемија на коронавирус

Маранело, 25 февруари 2020 (МИА) – Ферари презеде рестриктивни мерки поради ширењето на коронавирусот, меѓу нив и затворање на музејот во Маранело.

Италија најпогодена европска држава од епидемијата: регистрирани се 229 случаи на зарази, починаа најмалку шест лица. Регионите во Ломбардија и Венето се водечки во ширењето на вирусот, но девет случаи на инфекција се забележани и во Емилија-Ромања, каде се наоѓа базата Ферари.

Според упатствата на локалните власти, Ферари ги затвори музеите во Маранело и Модена, ограничен е пристапот до базата за вработените – жители на заразените региони. Тимот ги откажа и сите службени патувања освен најпотребните. Музејот во Маранело ќе биде затворен најмалку до 1 март.

Понатамошни мерки за безбедност може да вклучуваат оддалечена работа на дел од инженерскиот тим за време на викендот за трки.

Поради епидемијата на вирусот, кинеското Гран-при беше одложено на неодредено време. Трката требаше да се одржи на 19 април. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство