Маранело, 4 март 2020 (МИА) – Тимот на Ферари ги откажа тестовите планирани за оваа недела на новите гуми на Пирели, поради епидемијата на коронавирус.
Италијанскиот тим требаше да ги тестира новите гуми за дожд „Пирели“ од 18 инчи на 5 март на патеката „Фиорано“, кои ќе влезат во употреба во текот на сезоната 2021 година.
Двете компании најавија дека тестовите ќе бидат одложени за подоцнежен датум, како резултат на ширењето на коронавирусот во северниот дел на земјата.
Тестовите ќе се спроведат при првата можност.