Британската режисерка Емералд Фенел укажа на некои мани на блокбастерот „Џон Вик“ и на жанрот филмови за одмазда, генерално.
Фенел, која го напиша сценариото и го режираше Promising Young Woman („Ветувачка млада жена“), посочи една мана кај „Џон Вик“, кој го наведе како пример на филмови за одмазда.
Таа смета дека „Џон Вик“, иако вели дека е нејзин омилен филм, можеби претерал малку кога станува збор за одмазда.
Нејзиниот филм, мистериозна трилер-драма, се фокусира на ликот на Каси Томас (Кери Мулиган), која носи тешка одлука да ја остави зад себе својата светла иднина кога нејзината најдобра пријателка станува жртва на силување. Каси се обидува да ги казни одговорните за она што се случило. Филмот, спој на мрачен хумор и лична драма, е пофален и од критичарите и од публиката.