Утрински Весник
Спорт

Фекир утна пенал за победа во дербито на Севилја

Фекир утна пенал за победа во дербито на Севилја

Реал Бетис имаше совршена шанса лошата сезона во Ла лига да ја „прекине“ со победа во „Ел Гран дерби“, градската пресметка со Севилја, но Набил Фекир изведе комично лош пенал за на крајот мечот да заврши 1:1.

Во лошото прво полувреме, двата тима не успеаја да упатат ниту еден удар во рамките на голот, пред Сусо во 48. минута со убав гол да донесе водство за Севилја.

Но, само три минути подоцна, Бетис успеа да израмни, откако Серхио Каналес беше сигурен од белата точка. Во 75. минута, Бетис доби шанса да го добие мечот, по уште еден досуден пенал, но овојпат Набил Фекир беше крајно ноншалантен во својот обид.

Со поенот, Севилја останува на петтото место со 27 поени, додека Бетис се само деветти со 20 поени.

Претходно, Вилјареал со 2:1 го совлада Леванте за да се искачат на четвртото место на табелата.

> Фекир утна пенал за победа во дербито на Севилја <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина