Утрински Весник
Македонија

Фекалниот колектор во Ѓорче Петров ставен во функција со полн капацитет

Фекалниот колектор во Ѓорче Петров ставен во функција со полн капацитет

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека фекалниот колектор во Ѓорче Петров е ставен во функција со полн капацитет.

„Заради несовесно и неодговорно однесување на граѓаните, фекалниот колектор ф500 долж ул. Лука Ѓеров, во општина Ѓорче Петров долго време не функционираше со својот полн капацитет. За таа цел, беше откопан на длабочина од четири метри при што беа отстранети причинителите за неговото затнување. Од увидот на терен беше потврдено дека за долгогодишната нефункционалност на колекторот придонел човечки фактор“, соопштија од претпријатието.

Со ова повторно се воспостави нормален режим за одведување на отпадните води во овој дел од градот Скопје.

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весовски, ги повика граѓаните да бидат одговорни и да се однесуваат совесно со цел заштита не само на системот за водоснабдување, туку и на животната средина.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ДЗСИ нареди вонредно чистење и здравствен преглед на вработените во училиштето ,,Димо Хаџи Димов”

Андоновска: Ќе работиме цела ноќ ако треба за побрзо да излезат резултатите за труењето во Влае

Костадинова Стојчевска: Македонскиот јазик не се чува со кратење на буџетот за инспекторатот за македонски јазик