Лондон, 22 април 2020 (МИА) – Поранешниот прв рекет на светот Роџер Федерер зборуваше за потребата од обединување на АТП и ВТА.
– Интересно … Јас сум единствениот кој мисли дека треба машкиот и женскиот тенис да се обедини? Не зборувам за мешани натпревари, туку за унија на двете управни тела (АТП и ВТА), кои ги контролираат машките и женските професионални турнири.
Веројатно, ова требаше да се случи пред многу време, но сега, можеби, е време. Сите спортови минуваат низ тешки времиња, а на крајот ќе имаме две ослабени организации или една силна, изјави Федерер.
На ова контроверзниот тенисер Ник Кириос одговори: „Да“, без да прецизира дали го подджува Федерер или затоа што верува дека Швајцарецот е единствениот во ова размислување.
Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза напиша: „Да, добра идеја“.
Симоне Халеп: „Вие не сте единствениот“.
Еден од тениските фанови коментираше: Би сакал АТП и ВТА да се обединат, да не се нервираме дека има два посебни канали што емитуваат машки (Тенис ТВ) и женски тенис“ (ВТА ТВ). ”
На оваа констатација Федерер потврди: „Се согласувам, сè е премногу збунувачко за навивачите: различни системи за оценување, различни логоа, страници, категории на турнири“. зс/