Утрински Весник
Спорт

Федерер пропушти меч-поен, камбекот заврши со пораз од Басилашвили

Федерер пропушти меч-поен, камбекот заврши со пораз од Басилашвили

Грузискиот тениски ветеран Николоз Басилашвили се врати од сет негатива за да стави крај на камбекот на Роџер Федерер на Катар опен со 3:6/6:1/7:5 победа. Басилашвили беше агресивен од основната линија и спаси седум од 10 брејк топки вклучувајќи меч-топка на 4:5 во одлучувачкиот сет за победа по еден час и 50 минути игра.

29-годишниот Грузиец влезе на турнирот со пет порази во низа, а ова му беше прва победа во кариерата против Федерер за пласман во прво АТП-полуфинале од Хамбург во 2019 година. Басилашвили за место во финалето ќе игра со Американецот Тејлор Фриц, кој со 5:7/6:3/7:5 го победи Денис Шаповалов.

Швајцарецот го имаше првиот настап по Австралија опен оваа недела победувајќи во првиот меч против Ден Еванс по што најави дека не е сигурен колку турнири од сезоната на земја ќе игра признавајќи дека турнирите на трева се вистинскиот почеток на сезоната.

> Федерер пропушти меч-поен, камбекот заврши со пораз од Басилашвили <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко