Утрински Весник
Македонија

Федерацијата на новинари објави совети за медиумските работници во време на корона кризата

Федерацијата на новинари објави совети за медиумските работници во време на корона кризата

Меѓународната федерација на новинари (МФН) најголемата организација во светот која претставува 600.000 членови од 146 земји ги објави советите за медиумите да преземат мерки на претпазливост и почитување на препораките од здравствените експерти во ова време на здравствена криза.

  1. ЗДРАВЈЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО
  • Сопствениците на медиуми треба да гледаат на епидемијата како на здравствена и безбедносна криза и да ги исполнат своите обврски за грижа спрема нивните вработени;
  • Новинарите и другите медиумиски работници како и нивните организации треба постојано да ги следат препораките и советите на Светската здравствена организација за заштита од коронавирусот, а кои се достапни на следниов линк: https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/advice-for-public
  • Во врска со ова, сериозно треба да се земе предвид можноста за работа од дома за да се намали можноста за заразување на работното место;
  • Новинарите и другите медиумски работници треба да ги бараат своите права на работа во здрави услови и да не одат на работното место кога таму има ризик за заразување со коронавирусот;
  • Опремата и канцелариите треба постојано да се чистат, особено кога се споделуваат помеѓу вработените;
  1. ПАТУВАЊА
  • Патувањето за време на оваа криза може да предизвика сериозна грижа кај медиумските професионални, нивните семејства и работодавците . Затоа треба да има искрена дискусија околу потребата од патување и да се побара медицински совет за здравствената состојба и подготвеноста на патникот;
  • Медиумските работници имаат право да одбијат, без никаков ризик за нивното работно место, каква и да е национална или меѓународна задача поврзана со коронавирусот доколку претставува вистинска опасност по нивното здравје или живот;
  • Новинарите и другите медиумски работници кои мораат да патуваат треба да планираат претпазливо, земајќи ги во предвид бројните ограничувања на патувањата во многу земји, вклучувајќи го и затворањето на границите, забраните за влез во некои земји за странски државјани, како и мерките за карантин за сите патници;
  • Проверувајте ги постојано информациите за земјата во која патувате, вклучувајќи ги и забраните за масовни собири во повеќе земји;
  • Новинарите кои патуваат треба да бидат подготвени за скрининг за коронавирус при пристигнувањето, како и други можни проверки за задолжителни вакцини, работи кои треба да бидат средени пред патувањето;
  • Обезбедување на патничко осигурување е од голем приоритет, посебно при евентуално патување во најпогодените земји и региони, да се осигура и флексибилен распоред на летови .
  • Медиумските професионалци треба да бидат во постојан контакт со авиокомпанијата за да ги следат промените или откажувањата на резервираните летови;
  • Осигурување за коронавирус во оваа ситуација исто така сериозно се препорачува . МФН ја одобри осигурителната компанија battleFace (battleface.com), која може да обезбеди такво осигурување во странство;
  • Лична опрема за заштита, како што се ракавици и дезинфекциони средства може да бидат од полза при извршување на задачите и тие треба да бидат обезбедени пред патувањето бидејќи можно е да не може да бидат набавени во земјата каде што патувате;
  1. Безбедно известување од областите зафатени со КОВИД-19
  • Новинарите и медиумските работници кои контактираат со луѓе кои страдаат од болеста се советуваат на огромна претпазливост бидејќи со тоа е зголемен ризикот од заразување . Пример за ова е посета на медицински установи;
  • Истиот ризик постои и при контакт со добиток . Редовно миење на рацете со сапун и вода или користење на дезинфекционо средство за раце или носење ракавици се препорачува во овие ситуации;
  • Се препорачува програмите во студио да преферираат телефонски или видео интервјуа наместо лично присуство на гостите со цел да се ограничи можноста за контакт . За интервјуата на отворено, пак, новинарите треба да користат продолжеток за нивните микрофони за да се придржуваат до препораките за дистанца и за да се заштитат од заразување.
  • Новинарите исто така треба да внимаваат на ризикот од отпочнување на нереди во некои ситуации како резултат на мерките преземени од властите во борбата против вирусот или таргетирањето на груши и индивидуи брз база на нивното потекло;
  • Важно е да се следат локалните вести за јавните објави на здравствените мерки како што се ограничувања на локалните патувања кои можат да бидат издадени набрзина;
  • Исто така може да има и други ограничувања на известувањето со мерки против новинарите како што се забрана за пристап до одредени области, повлекување на акредитацијата, како и обиди за уништување на снимен материјал. Пресудно за новинарите е да подготват резервна копија од снимениот материја и да го испратат до редакцијата што е можно побрзо.
  • За локални информации и совет, контактирајте ги локалните членки на МФН во земјата каде што сте (https://www.ifj.org/who/members.html);
  1. Поддршка за слободните новинари
  • Новинарските организации и синдикати треба да лобираат кај работодавците за поддршка за слободните новинарите чиј приход поради пандемијата практично ќе биде стопиран, да им ги исплатат хонорарите за договорените, а не завршени работи поради кризата. Исто така тие може да ја разгледаат опцијата за плаќање на некоја форма на хонорар на постојаните соработници за да може да го пребродат периодот на затвореност на нивните земји;
  • Новинарските организации исто така треба да го застапуваат ставот слободните новинари да бидат вклучени во финансиската помош за малите бизниси која ја предвидуваат властите.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме