Утрински Весник
Свет

ФДА ја одобри терапијата со антитела на компанијата „Ели Лили“ за третман на коронавирусот

ФДА ја одобри терапијата со антитела на компанијата „Ели Лили“ за третман на коронавирусот

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) одобри итна употреба на комбинирана терапија со антитела од страна на фармацевтската компанија „Ели Лили“ во борбата против Ковид-19, соопштија официјални претставници на американската компанија.

Податоците од студијата во доцна фаза, спроведена во јануари, покажаа дека комбинирана терапија на две антитела, бамланивимаб и етезевимаб, помогна да се намали за 70 проценти ризикот од хоспитализација и смрт кај пациенти со лесна или умерена слика на Ковид-19.

Компанијата соопшти дека терапијата ќе биде веднаш достапна на пазарот.

„ 100.000 дози се подготвени и дополнителни 150.000 дози ќе бидат достапни во текот на првиот квартал од оваа година“, се наведува во извештајот на „Ели Лили“ и се додава дека до средината на 2021 година, компанијата, во соработка со една од водечките светски независни компании за биотехнологија, „Амген“ планира да произведе до милион дози етезевимаб за употреба со бамланивимаб.

„ Терапијата е одобрена за третман на лесна до умерена слика на Ковид-19 кај пациенти постари од 12 години, кои имаат висок ризик од развој на сериозна слика Ковид-19 и / или хоспитализација“, се вели во соопштението на компанијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња