Утрински Весник
Свет

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) објави дека вакцината Фајзер против коронавирус е безбедна и ефикасна за деца на возраст од шест месеци до четири години.

Експертите од ФДА истакнаа дека нема ништо што сугерира дека вакцината не е безбедна за употреба кај мали деца. Податоците се анализа на тестирањето на податоците спроведено од Фајзер пред состанокот на надворешните советници на агенцијата, кој е закажан за 15 јуни, пренесува Ројтерс.

Податоците од десет случаи во време кога омикрон беше доминантна варијанта на коронавирусот покажаа дека вакцината била 80,3 проценти ефикасна кај групата деца под пет години.

Инаку, вакцинацијата на деца против коронавирус на таа возраст не е одобрена во повеќето делови на светот. Исто така, се наведува дека интересот за вакцинирање на децата бил мал за групата од пет до 11 години.

Можете да прочитате

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра

Американската армија нападна уште еден брод во источниот дел на Пацификот

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени