Утрински Весник
Свет

ФБИ уапси маж кој насилно влезе во Капитол и седна во фотелјата на Ненси Пелоси

ФБИ уапси маж кој насилно влезе во Капитол и седна во фотелјата на Ненси Пелоси

ФБИ уапси маж кој се фотографираше како седи на масата на спикерот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. Тој е обвинет за три точки од федералниот кривичен закон, вклучително и кражба на јавен имот, соопштија федералните власти.

Ричард Барнет од Арканзас е уапсен утрово во Литл Рок, пренесува Си-ен-ен.Тој е обвинет за свесно влегување и престојување во зграда со ограничен пристап, без овластување, насилен упад и лошо однесување во Капитол, како и кражба на јавен имот.

Официјални лица соопштија дека во неговиот камион биле пронајдени 11 молотови коктели.Барнет е во притвор на ФБИ.Министерството за правда на САД објави дека 13 лица се соочуваат со обвиненија по немирите во средата во Капитол.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски предупредува: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

Тер Штеген пред заминување од Барселона, блиску до трансфер во Џирона

Мадона со порака за Иран: „Држете се цврсто, јас сум со вас“