ФБИ побара од јавноста информации во врска со две сомнителни експлозивни направи пронајдени во Вашингтон за време на немирите во Капитол откако полицијата почна со напорите да ги идентификува лицата вклучени во немирите, пренесува РТ.
Федералците нудат награда до 50.000 долари за информации што ќе доведат до локацијата, апсење и осудување на лицето или лицата одговорни за поставувањето бомби во близина на седиштето на Демократскиот национален комитет и Републичкиот национален комитет.
Леток објавен од ФБИ вклучува фотографија на лице со сива качулка и црни ракавици и со црна торба во рацете. Агенцијата не прецизира дали лицето е осомничено во истрагата.
Според ФБИ, околу 13 часот во средата агенциите за спроведување на законот биле известени за сомневање за експлозивна направа со жици пронајдени во РНЦ. Втората бомба, која имаше сличности со другиот уред, беше пријавена петнаесет минути подоцна во седиштето на ДНЦ.
#FBIWFO is offering a reward of up to $50K for info leading to the location, arrest & conviction of the person(s) responsible for the pipe bombs found in DC on Jan. 6. https://t.co/q9pdw6Rnoy pic.twitter.com/aQ7Vz4uydO
— FBI Washington Field (@FBIWFO) January 8, 2021
Тимот за реакција на опасни материјали од полицијата во Капитол утврди дека двата предмета се опасни и може да ѝ предизвикаат голема штета на јавната безбедност, се вели во соопштението на полицијата. Одредите за бомби користеле водни топови за да ги оштетат и оневозможат експлозивните направи.
Апелот за информации доаѓа во моментот кога агенциите за спроведување на законот, па дури и некои медиуми, бараат од јавноста помош за идентификување на лицата што учествувале во немирите во Капитол.
Бомбите беа пронајдени истиот ден кога во главниот град се одржа голем протест против потврдување на резултатите од изборите во 2020 година. Група демонстранти подоцна влегоа насилно во Капитол. Пет лица, вклучително и еден полицаец, беа убиени за време на немирите иако неколку од смртните случаи се посочени како резултат на „медицински итни случаи“.