Утрински Весник
Свет

„Фајзер“ ja пријави вакцината за одобрување во Европа

„Фајзер“ ja пријави вакцината за одобрување во Европа

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ штотуку ја пријави вакцината што ја произведе во соработка со стартапот „Бајонтек“ за условно одобрување oд Европската медицинска агенција, објави германската агенција дпа.

„Фајзер“ сакаат вакцината да биде достапна во Европа до крајот на годината. „Фајзер“ и „Бајонтек“ соопштија дека добиле потврда за апликацијата откако вчера побарале одобрение од ЕМА.

Тоа го става „Фајзер“ рамо до рамо со фармацевтската компанија „Модерна“, која исто така побара одобрение од EMA за вакцина против Ковид-19

Лидерот на „Фајзер“, Алберт Бурла, рече дека тоа е уште еден клучен чекор во напорите за ублажување на последиците од пандемијата на коронавирус.

Клиничките испитувања покажаа дека вакцината на тврди „Фајзер“ има 95% ефикасност.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури