Утрински Весник
Свет

„Фајзер“ ја намалува испораката на вакцини во Европа поради ограниченото производство

„Фајзер“ ја намалува испораката на вакцини во Европа поради ограниченото производство

Компанијата „Фајзер“ привремено ќе ги намали испораките на вакцини во Европа, објави норвешкиот Институт за јавно здравје.

Испораката ќе се намалува сè додека американската компанија не го зголеми производствениот капацитет.

„Ова привремено намалување ќе влијае на сите европски земји“, се вели во соопштението на Институтот.

Тие исто така наведуваат дека следната недела очекувале да добијат 43.875 дози вакцини од „Фајзер“, но дека, најверојатно, сега ќе добијат 36.075 дози.

Од Институтот велат дека дознале нешто пред 10 часот дека испораките ќе бидат намалени, а тоа, додаваат тие, е последица на ограниченото производството во „Фајзер“, чија цел е зголемување на капацитетот на две милијарди дози вакцини годишно во споредба со сегашните 1,3 милијарди.

„Сè уште не е јасно колку време ќе биде потребно за да ’Фајзер’ повторно го достигне максималниот капацитет на производство“, рекоа од норвешкиот институт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Американската крајбрежна стража летово заплени 34 тони дрога од прекуокеански бродови

Претседателот на Боцвана прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради недостиг на лекови и медицинска опрема

Трамп: Кина мора да ги снабдува САД со магнети или ќе се соочи со царини од 200 отсто