Утрински Весник
Свет

„Фајзер“ го преместува производството од Белгија во Романија

„Фајзер“ го преместува производството од Белгија во Романија

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека има намера да пренесе дел од своите производствени погони од Белгија во Романија. Таму цената на трудот е пониска, пишува италијанскиот весник „Ил фато Котидиано“ и наведува дека поради тоа 38 од 238 вработени ќе останат без работа.

„Тоа е уште една шлаканица за милиони граѓани на Европската Унија кои бараат социјална правда, а не деловно лукавство“, рече европратеничката Даниела Рондинели, членка на Движењето пет ѕвездички.

Белгиските синдикати реагираа и на одлуката на американската компанија да го премести производството таму каде што работата чини помалку, а со тоа се зголемува и профитот.

„Тоа е невиден срам. Благодарение на европските фондови за пронаоѓање на вакцината против ковид,„Фајзер“ заработи 3,3 милијарди евра минатата година, и тој објави дека оваа година профитот ќе биде околу 15 милијарди. Вработените во„Фајзер“ работеа во двојни смени во последниве месеци за да се произведе потребната вакцина против ковид. На крајот на краиштата, отпуштањата се удар во стомакот на работниците “, рече Барт Декулиер, генерален секретар на белгискиот синдикат ACV.

Американската компанија „Фајзер“ ја разви вакцината против Ковид-19 заедно со германската компанија „Бионтек“.

Брзиот развој на лекот беше можен благодарение на големите инвестиции во истражувањето, околу 2,5 милијарди евра, а тие добија 400 милиони евра само од ЕУ во раната фаза на истражување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност