Утрински Весник
Свет

Фаучи предупредува на рано одобрување на вакцина против коронавирусoт

Фаучи предупредува на рано одобрување на вакцина против коронавирусoт

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека се противи на рано одобрување на вакцина против коронавирусот.

Тој посочи дека вакцината не смее да се одобрува пред да се докаже дека е безбедна и ефикасна.

Фаучи го изјави тоа откако два извори открија за „Си-ен-ен“ дека Белата куќа ја разгледува можноста за рано одобрување за итна употреба на вакцината, пред да завршат последните тестови.

Во меѓувреме, Микаел Капуто од Министерството за здравство негираше дека САД прават големи напори да го забрзаат развојот на вакцината од политички причини.

„Едно нешто што не сакате да се случи е вакцината да биде одобрена пред да знаете колку е ефикасна“, рече Фаучи за „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Романтиката се претвори во хорор: Прскалки на свадбена торта предизвикаа пожар во хотел во Италија

Трамп на Википедија прогласен за претседател на Венецуела

Венецуелската влада ќе ослободи уште 116 политички затвореници