Директорот на Националниот институт за алергии и инфективни болести на САД, Ентони Фаучи, вели дека вакцината против коронавирусот би можела да биде достапна во октомври, најдоцна до ноември.
Тој не ја отфрла можноста вакцината да биде достапна до октомври, но, поверојатно е, како што кажал, тоа да се случи до ноември.
„Гардијан“ пренесува дека Фаучи изјавил дека издавањето на дозвола за вакцина во октомври е сигурно изводливо, дека таа опција останува отворена, но дека се сомнева дека тоа ќе се случи пред ноември.
Овие вести стигнуваат пред одржување на претседателските избори во САД кои се закажани за ноември.
Американскиот национален институт за здравје денеска почна со третата фаза од тестирањето на вакцината притив коронавирус.