Утрински Весник
Свет

Фаучи: Британската варијанта на коронавирус може да стане доминантна во САД до крајот на март

Фаучи: Британската варијанта на коронавирус може да стане доминантна во САД до крајот на март

Д-р Ентони Фаучи изјави дека британската варијанта на коронавирус се шири доволно брзо за да може да стане доминантен вид на вирусот во САД до крајот на март.

Говорејќи за време на виртуелен брифинг на тимот на Белата куќа, како одговор на Ковид-19, Фаучи рече дека оригиналниот вид на коронавирус сè уште е доминантен во САД, но Фаучи, главниот медицински советник на претседателот, рече дека моделите покажуваат дека варијантата Б117 се шири брзо и може да стане доминантен вид во САД за околу шест недели.

Охрабрувачката вест, рече Фаучи, е дека вакцините што во моментов се дистрибуираат во САД се покажаа доста ефикасни и против варијантата Б117. Но, тој предупреди дека постојните вакцини се помалку ефикасни против таканаречената јужноафриканска варијанта на вирусот.

Фаучи рече дека се надева дека вирусот ќе биде многу повеќе под контрола пред таа варијанта да стане доминантна во САД.

Според последните податоци на американскиот Центар за контрола на болести, најмалку 32 милиони Американци примиле една доза од вакцината против Ковид-19, а повеќе од 9,5 милиони примиле две дози.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина