Утрински Весник
Македонија

Фатиме Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминаот

Фетаи: СЈО продолжува со застапување на предметите во судница

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Со стапување на сила на новиот Закон за Јавно обвинителство ниту борбата за правда застанува, ниту животот тука застанува, порача денеска обвинителката Фатиме Фетаи по денешното рочиште за „Монструм”.

– Тоа единствено претставува една нова законодавна рамка која ни дава можност на сите обвинители заеднички на нов начин да се справиме и да се бориме против криминалот. Како и на кој начин ние тоа ќе го искористиме зависи од сите обвинителите, истакна Фетаи.

Специјалното јавно обвинитество од денеска и официјално згаснува, односно со стапување на сила на новиот Закон за Јавното обвинителство. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галетановски нуди 2-3 илјади евра награда за тој што ќе открие кој му го запали автомобилот, односно кој нарачал

ЦУК: Активни се четири пожари, сè уште гори и на „Дрисла”

Обвинителството конечно да се произнесе за прислшкувањето – Ако Коцевски продолжи да молчи, ќе одговара, порачува ВМРО-ДПМНЕ