Утрински Весник
Македонија

Фатен разбојник кој извршил седум тешки кражби во Кисела Вода

ЕВР Кисела Вода – Одделение за криминалистички работи Кисела Вода расчисти седум кривични дела тешка кражба извршени во периодот од 10.6.2022 до 23.8.2022 година во фирма на бул.  Борис Трајковски во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Сторителот Е.С.(27) од Скопје беше лишен од слобода на 23.8.2022 по извршување на последното дело, при што кај него беа пронајдени одземените предмети и туби со нафта, кои беа вратени на сопственикот.

Е.С. беше спроведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор

Од „Стави појас“ до заштита од семејно насилство – МВР со серија едукативни активности во повеќе градови

Зимата нагло ни се враќа: На планините на Балканот и до еден метар снег