Утрински Весник
Македонија

Фатени се скопјанец и тетовец, во автомобилот имале бела прашкаста материја

На 22.08.2022 околу 11.20 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид ги лишиле од слобода Б.Ф. (50) од с. Пирок, општина Боговиње и С.Ц. (49) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

При преглед во возилото „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ф., во багажот на С.Ц. била пронајдена една ќеса со девет пакувања со бела прашкаста материја.

Б.Ф. и С.Ц. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Учество на министерот Муцунски на вториот министерски состанок на балканската платформа за мир во Истанбул

Филипче: Најавата на мојот линч е од 19 ти декември, сега е појасно 

Приведена полицајка која открила дека полицијата ќе извидува со дрон