Утрински Весник
Свет

Фатах ги интензивира напорите за одложување на изборите стравувајќи од победа на Хамас

Фатах ги интензивира напорите за одложување на изборите стравувајќи од победа на Хамас

Член на Централниот комитет на Фатах врши притисок врз палестинските затвореници во израелските затвори да повикаат на одложување на претстојните избори, ако Израел го забрани движењето во Ерусалим, пренесува „Мидл ист монитор“.

Новинската агенција „Сама“ пишува дека извори блиски до затворениот лидер на Фатах, Марван Баргути, откриле дека се вршат притисоци врз затворениците за изборите да бидат во мирување како резултат на националната криза.

Изворите велат дека голем број затвореници од Фатах одбиле да ја поддржат изјавата, по што се соочиле со закани, особено по неколку анкети кои предвидуват дека Хамас ќе освои мнозинство во парламентот.

Весникот исто така пишува дека Палестинската самоуправа во Рамалах работи на убедување на арапските држави, ЕУ и САД да ги прифатат нивните напори за одложување на изборите бидејќи тие не можат да продолжат ако Израел не дозволи да учествуваат Палестинците во Ерусалим.

Според истите извори, Вашингтон сè уште нема донесено одлука за ова прашање, но американскиот државен секретар Антони Блинкен претходно му порача на израелскиот министер за надворешни работи, Габи Ашкенази, дека САД нема да заземе никаква позиција што му штети на Тел Авив.

Израелскиот портал за вести „Вала“ објави дека американската администрација е загрижена дека Хамас ќе победи на изборите.

Весникот додава дека претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, го испратил својот министер за надворешни работи, Ријад ал Малики, во Европа за да нагласи дека Ерусалим „е црвената линија“ и нема да се одржат избори без него.

Ова, додал тој, ќе овозможи изборите да се одложат без Палестинската самоуправа да биде обвинета за одлуката.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња