Утрински Весник
Свет

Фараж предупредува: Инвазијата продолжува, рекордни 1.450 илегалци во август

Фараж предупредува: Инвазијата продолжува, рекордни 1.450 илегалци во август

Повеќе од 1.450 илегални мигранти го преминале Ла Манш и стигнале на британските брегови во август.

Анализата на британската новинска агенција „ Прес асосиејшн“ откри дека минатиот месец дека бројот илегални пристигнувања биле речиси колку колку во јуни и јули заедно, речиси 1.500. Извештајот исто така открива дека на 6 август, рекордни 235 илегални мигранти преминале од Франција кон Велика Британија.

Од јануари досега во Велика Британија пристигнаа повеќе 5.000 илегалци, претежно од Блискиот исток, Азија и Африка. Овој број не ги вклучува оние кои пристигнале без да бидат откриени.

Пристанишниот град Довер во источен Кент во вторникот забележа нови пристигнувања, а некои мигранти беа донесени на брегот со британскиот патролен брод „Хантер“.

Најџел Фараж сподели ексклузивни снимки од мигранти во мал моторизиран брод, кои пристигнале на брегот и се распрснале, па веројатно ќе исчезнат во црната економија на Велика Британија и нема да бидат регистрирани во Министерството за внатрешни работи, а камоли да бидат испратени назад во Франција.

„Хаос во Кент денес“, посочи Фараж, пред да ги критикува мејнстрим медиумите за неуспехот да зборуваат за мигрантската криза додека инвазијата продолжува.

Британскиот секретар за внатрешни работи, Прити Пател, се најде на удар на критиките  последните неколку месеци за тоа што не успеа да се справи со мигрантската криза на Ла Манш. Неодамна, повеќе од 40 пратеници од ториевците ја повикаа владата да ги смени законите за азил и да одбие давање статус на бегалец на мигранти кои нелегално влегле во Велика Британија откако поминале низ безбедни земји.

Министерството за внатрешни работи минатиот месец во твит отворено ги обвини активистите-адвокати за искористување на регулативите, кои се крути и отворени за злоупотреба, за одложување и спречување на враќањето на илегалци во последната земја на престој во ЕУ. Сепак, по притисокот од правните тела, владиниот оддел подоцна го избриша твитот.

Британската влада се бори да врати дури и мал број мигранти во земјите како Франција и Германија – безбедни, развиени нации каде мигрантите требало да ги поднесат своите барања за азил. Минатата недела активисти-адвокати од три адвокатски канцеларии успешно ги сите 23 закажани депортации во Шпанија на еден лет.

Портпарол на владата забележа дека напорите за олеснување на целосно легитимните и законски депортации се премногу често спречени во последен момент. Тој рече дека поднесените жалби се многу често неосновани и целосно без покритие, но бидејќи добиваат целосно правно разгледување, тоа честопати значи дека депортациите се презакажуваат.

„Ова може ефективно да резултира со истекување на времето за враќање поради строгите Даблински регулативи “, рече тој.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд