Фановите на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, шеговито ја прозваа кралицата Елизабета Втора и побараа да ѝ биде одземена титулата, откако се откри дека порано, таа исто така се впуштила во политика, објави „Дејли експрес“.
Војвотката од Сасекс беше вербално нападната од некои новинари и колумнисти блиски до монархијата, меѓу кои и британскиот новинар Пирс Морган, за наводно кршење на кралскиот протокол со мешање во политиката на други земји со некои свои изјави во последните неколку недели.
Морган, водител на ток-шоуто „Добро утро Британија“, кој не го одобрува бегството на кралската двојка, ја прозва Меган во објава на Твитер: „Ако сте член на кралското семејство, забрането е да коментирате за други политички настани во светот,“ алудирајќи на изјава на Меган во врска со претстојните избори во САД. „Кралицата треба да ѝ ја одземе титулата Војвотка од Сасекс,“ напиша тој.
Меган беше гостин на онлајн-настан на поранешната прва дама Мишел Обама „Кога ќе гласаат сите жени“ минатиот четврток. Коментирајќи ги претстојните претседателски избори во Америка, Меган рече рече дека сите знаат што се случува.
Фановите на Меган застанаа во нејзина одбрана откако кралскиот дописник Омид Скоби откри дека кралицата во 2003 година го повикала велшкиот народ да гласа.
Ова натера неколку фанови на Меган и принцот Хари да се пошегуваат барајќи да ѝ биде одземена титулата на кралицата бидејќи загазила во политика.
Еден корисник на Твитер напиша: „Пирс вели кралицата да ја лиши Меган од нејзината титула затоа што барала од Американците да гласаат, но и кралицата го сторила тоа исто така .. и на неа треба да ѝ се одземе титулата кралица …ух ох ох.“
И други корисници на социјални мрежи напишаа дека и кралицата треба да остане без титула или се шегуваа дека самата треба да се лиши од круната, пренесува „Дејли експрес“.