Утрински Весник
Спорт

Фанови на Ливерпул со петиција: До крај на сезона играјте во Будимпешта

Фанови на Ливерпул со петиција: До крај на сезона играјте во Будимпешта

Ливерпул синоќа по вторпат со 2-0 славеше триумф против бундеслигашот Лајпциг во реваншот на осминафиналето во Лигата на шампионите со што „црвените“ се пласираа во следната рунда. Мечот се одигра во Будимпешта, на „Пушкаш арена“, а статусот домаќин на овој меч го имаше англискиот шампион.

Беше тоа прва домашна победа за Ливерпул во 2021 година (иако мечот не се игаше на `Енфилд`), па клупската легенда на шега предложи Управата на „црвените“ да се потруди сите преостанати домашни мечеви тимот да ги игра во Будимпешта.

Навивачите одлучија да ја поддржат идејата и покренаа петиција на Твитер со истиот предлог.

Во Премиерлигата од почетокот на годината Ливерпул одигра 7 првенствени дуели на свој терен, на кои постигна само еден гол и освои само еден бод.

> Фанови на Ливерпул со петиција: До крај на сезона играјте во Будимпешта <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко