Утрински Весник
Спорт

Фановите на Марсеј му порачаа на Зидан: Те сакаме, немој да одиш во Париз!

Фановите на Марсеј му порачаа на Зидан: Те сакаме, немој да одиш во Париз!

Зинедин Зидан при посетата на својот роден град Марсеј доби предупредување од навивачите на Олимпик Марсеј да не помислува да потпише за лутите ривали Пари Сен-Жермен.

Легендарниот француски фудбалер и тренер нема работено во Франција од времето кога замина од Бордо во Јувентус на врвот на својата кариера, и шпекулациите велат дека ќе биде прв кандидат за тренер на ПСЖ ако замине Маурисио Почетино

Кога пристигна во Марсеј, тој доби повици од фановите: „Фала ти Зизу, не оди во Париз, Зидан!“.

Зидан е роден и израснат во Марсеј, но никогаш не заигра за Олимпик, бидејќи почна да работи преку академијата на Кан, пред да премине во Бордо. Најголемите успеси ги постигна во Јувентус во Италија и во Реал Мадрид во Шпанија, пред да стане тренер на „Лос бланкос“.

> Фановите на Марсеј му порачаа на Зидан: Те сакаме, немој да одиш во Париз! <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина