Утрински Весник
Македонија

Фамилијата Заеви донираше 200 прехранбени пакети во Банка за храна Кавадарци

Фамилијата Заеви донираше 200 прехранбени пакети во Банка за храна Кавадарци

Кавадарци, 21 април 2020 (МИА) – Фамилијата Заеви донираше 200 прехранбени пакети во Банка за храна Кавадарци, кои ќе бидат распределени на социјално загрозени кавадарчани. Претставникот на Банката за храна, Роберто Паризов потсети дека подружницата на оваа хумана организација овде постои скоро две години.

-Наша цел е борба против гладта. Сета донација што ја доаѓа од правни и физички субјекти,  ја добиваат лица во социјален ризик, кои претходно се обраќаат или до општинскиот кол центар, или во Банката. Има една девиза која е многу важна за оваа Банка,  а тоа е дека не смееме да вратиме човек кој има потреба од храна. Прво не е хумано, а второ, една општина која е доста силна како општина Кавадарци, има капацитети,  има правни и  физички лица кои се хумани и солидарни, кои сочувствуваат во оваа кризна состојба и донираат, рече Паризов, кој е претседател на регионалното еколошко друштво „Еко-живот”.

Тој упати голема благодарност за поддршката од градоначалникот Митко Јанчев, до  Заеви.

– Огромна поддршка имаме и од Советот на општина Кавадарци, со сите институции кои се солидарни и хумани и со бизнис секторот кој помага секогаш кога е потребно. Апелирам до сите граѓани, до сите правни и физички субјекти, доколку можат да донираат, за да помогнат на семејствата што се во социјален ризик, додаде Паризов.

Претседателот на Советот на општина Кавадарци, Ристо Сакалиев исто така се заблагодари за хуманиот гест до Заеви, истакнувајќи ја успешната работа на кавадаречката Банка за храна. Ги повика кавадарчани да ги почитуваат владините мерки против коронавирусот. свд/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер