Утрински Весник
Македонија

Факултетот за безбедност-Скопје и Црвениот крст ќе соработуваат во градењето на системот за подготовка и одговор од катастрофи

Факултетот за безбедност-Скопје и Црвениот крст ќе соработуваат во градењето на системот за подготовка и одговор од катастрофи

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски и проректорот на УКЛО Марјан Ѓуровски го посетија Центарот за подготвеност и одговор при катастрофи на Црвениот Крст на Република Северна Македонија и се сретнаа со генералниот секретар на Цевениот крст Саит Саити, со раководителот на Центарот за подготвеност и одговор при катастрофи Али Самит и со повеќе волонтери и вработени во Центарот.

За време на средбата, како што соопшти Факултетот за безбедност-Скопје, проректорот и деканот имаа можност непосредно да се запознаат со активностите што ги презема Црвениот крст за помош и поддршка на институциите и населението во услови на пандемијата Ковид-19. На средбата, како што се наведува, стана збор и за продлабочување на соработката меѓу Факултетот и Црвениот крст, а беа лоцирани и конкретни активности за обука и спроведување на заеднички проекти.

-Црвениот крст располага со значајни ресури кои се ставени на располагање на инситутуциите кои работат на справување со здравствената криза, а помага и на населението преку достава на хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена. Може да се забележи дека координацијата на активностите внатре во организацијата е на високо ниво, а со својата експертиза даваат сериозна поддршка и на државните институции, се вели во соопштението.

Активноста се реализираше во рамки на теренските активности од проектот „Функционирањето на безбедносниот систем во услови на вонредна и/или кризна состојба“, за што беа собрани значајни информации и податоци кои ќе бидат искористени во понатамошните фази на спроведување и давање на препораки за градење на ефикасен систем за управување со кризи и заштита и спасување, како и функционирањето на целокупниот безбедносен систем. мд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче откри документ: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е таа партија која прави дестабилизација на државата

Филипче: Мицкоски нема право да ги прекине преговорите со ЕУ, државата не е негова приватна своина