Утрински Весник
Спорт

Фабрегас се откажа од 30 отсто од платата за да му помогне на Монако

Фабрегас подготвен да ја продолжи кариерата во Аргентина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Монако, 27 април 2020 (МИА) – Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец Сеск Фабрегас се согласил доброволно да ја намали својата плата за 30 проценти за да му помогне на својот клуб Монако финансиски поради тешката сезона во која се наоѓа поради пандемијата од коронавирус.

Триесет и две-годишниот играч од средниот ред исто така предложил да не добива надомест за следните четири месеци. Ова привремено ќе заштеди околу 2 милиони евра за клубот од Кнежеството, при што Фабрегас конечно се откажа од 500.000 евра.

Шпанецот исто така најави дека ќе го преземе 30 процентното намалување на надоместокот на персоналот во центарот за обука на клубот на свој грб, за да можат да ја добијат целосната плата за време на кризата.

Семејството на Фабрегас е погодено од КОВИД-19, откако неговата 95-годишна баба Флора била дијагностицирана со инфекцијата во специјализиран дом за стари лица во Шпанија.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата