Ливерпул, 20 април 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Монако, Цеск Фабрегас смета дека успесите на Ливерпул се најмногу по заслуга на тренерот Јирген Клоп.
– Ливерпул е неверојатен клуб кој доби џекпотот со тоа што го покани Јирген Клоп и му ги обезбеди вистинските играчи. Му дадоа време да изгради нешто посебно, напиша Фабрегас.
Ливерпул е лидер на табелата во Премиерлигата со убедливи 25 бода предност пред второпласираниот Манчестер сити. зс/