Утрински Весник
Економија

УЈП го достави второто известување за одобрени барања за финансиска поддршка за 4.962 фирми за април

УЈП ги почнува контролите на физичките и правните лица поврзани со „Рекет“

Скопје,14 мај 2020 (МИА) –  Управата за јавни приходи (УЈП) го достави и второто известување до Генералниот секретаријат на Владата за одобрени и прифатени барања за финансиска поддршка. Во ова известување, како што инфомрираат од УЈП, опфатени се 4.962 фирми кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на плата за април 2020 година, а износот на одобрената финансиска поддршка  изнесува 377.921.509 денари.

-Согласно второто известување, вкупниот износ на одобрени финасиски средства за исплата на плати за април 2020 изнесува  885.868.773 денари за вкупно 10.103 фирми, соопшти УЈП.

Од Управата посочуваат дека се обработуваат и останатите поднесени барања за финансиска поддршка, за кои, како што велат, УЈП ќе го извести Генералниот секретаријат на Владата по нивната финална обработка. вј/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година