Утрински Весник
Македонија
Img 7972

УЈП: Во февруари ќе се исплатат 6,1 милиони евра на граѓаните кои скенирале фискални сметки

УЈП: Во февруари ќе се исплатат 6,1 милиони евра на граѓаните кои скенирале фискални сметки
Img 7972

Управата за јавни приходи известува дека во текот на февруари, 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

„Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,3 милијарди денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милиони евра“, соопшти УЈП

При направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврдила дека 5.506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.

„Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на e-ПДД.“, соопшти УЈП.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Дождливо време во Македонија, локално ќе наврнат над 20 литри дожд

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата