Утрински Весник
Македонија

Уште 49 заболени и двајца починати од Ковид-19

Стогодишна Холанѓанка го победи коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 11 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19 и оти починале уште две лица. Од новозаболените, 13 се во Скопје, 14 во Куманово, шест во Штип,  осум во Прилеп, шест во Велес и по еден во Гостивар и во Кочани.  Вупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја достигна 760 лица.

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73 години) од Прилеп, примен на болнички третман  на 1 април, а во Куманово на Клиниката за хематологија почина новодијагностициран пациент (76 години), соопшти Министерството за здравство.

Во изминатото деноноќие на Клиниката се примени тројца пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и осум на механичка вентилација.
Во болницата „8 септември“,  пак, се примени осум нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив девет се со потешка клиничка слика, а шест пациенти се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани пет пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни, информира МЗ.
Во изминатото деноноќие направени се 586 теста. Преку Институтот за јавно здравје се направени 423, преку Ветеринарен факултет –6, Авицена –15 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –118. Досега во земјата се направени 7.653  тестирања на Ковид-19.

Според местото на живеење, досега во Скопје се регистрирани 297 заболени, Куманово – 18, Дебар – 49, Штип-27, Прилеп –58, Тетово – 31 Струга – 33,Велес – 24,Битола –8, Охрид –4, Кавадарци – 3, Гостивар –7, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 20,Пробиштип – 1.лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи