Утрински Весник
Спорт

Уште 35 играчи во НХЛ се позитивни на коронавирус

Уште 35 играчи во НХЛ се позитивни на коронавирус

Американско-канадската професионална лига во хокеј на мраз – НХЛ објави денеска дека во последните еден месец вкупно 35 играчи се позитивни на Ковид 19.

НХЛ додаваат дека тестирањата се спроведени во клупските објекти, од почетокот на индивидуалните тренинзи, на 8 јуни.

Оттогаш тестирани се 396 играчи, 23-ца биле позитивни на вирусот, јавува агенцијата „Associated Press“.

Истовремено, лигата дошла до податок дека одделните тестирања покажале дека се заразени уште 12 играчи.

Водството на НХЛ и синдикатот на играчите го договорија протоколот и мерките на претпазливост за да може од 1 август да продолжи сезоната која е прекината на средината на март.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига