Утрински Весник
Економија

Уште 118 компании со 1.116 вработени ќе користат бескаматни кредити од првиот пакет економски мерки

Намален бројот на работници во индустријата

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата на развојната банка на Република Северна Македонија за вториот пакет одобрени барања од обработените апликации на компании кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити од Јавниот повик од првиот пакет економски мерки.

Како што соопштија од Владата, согласно оваа информација, на уште 118 компании со 1.116 вработени, им се одобри користење на бескаматни кредити во вкупен износ од 936.602 евра.

Во првата и втората група, се одобрени вкупно 254 кредитни апликации во вкупен износ од 2,2 милиони евра, за компании со 2.853 вработени. По структура, од вкупно одобрените кредитни апликации, микро компаниите до десет вработени учествуваат со 69 отсто, малите компании до 50 вработени учествуваат со 28 отсто, а средните компании до 250 учествуваат со 4 отсто.

Доставувањето информации со обработени кредитни апликации кои исполнуваат услови до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, се додека во целост не се исцрпат средствата од кредитната линија Ковид 1. Досега до Развојната банка на Северна Македонија се пристигнати повеќе од 1.050 кредитни апликации на износ од 7,5 милиони евра.

Според информациите од Владата, најдоцна до крајот на неделата Развојна банка ќе стапи во контакт со сите компании чии кредитни апликации беа одобрени на денешната седница на Влада заради реализација на договорите за кредит.  ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст