Утрински Весник
Магазин

Уште осум жени го тужат PlayStation за системски сексизам

Уште осум жени го тужат PlayStation за системски сексизам

Осум жени поднесоа тужба против „Сони интерактив ентертејнмент“, производител на „Сони плејстејшн“. Нивните наводи варираат од дискриминација врз основа на нивниот пол, до неосновани откази и токсична работна средина.

„Сони“ ги негира сите наводи и бара од судот да го отфрли случајот.

Минатиот ноември поранешна ИТ-аналитичарка на „Плејстејшн“ поднесе тужба против компанијата за неосновано отпуштање од работа откако ја искажала својата загриженост за дискриминација на жените.

Иако „Сони“ побара од судот да ја отфрли тужбата поради недостиг на докази, уште осум жени поднесоа тужби против компанијата за сексизам.

Тужбата вклучува примери за „понижувачки коментари, несакано додворување и занемарување на нивната работа и идеи“ и „чувство дека на жените им е потешко да напредуваат во компанијата“. Ваквите обвинувања доаѓаат откако „Сони“ негираше каква било намерна дискриминација во компанијата.

Ветеранка на PlayStation, Мари Харингтон, тврди дека на жените им е потешко да бидат унапредени и дека има само четири жени од дури 70 мажи кои биле земени предвид при прегледот на промоција.

Поранешна вработена Кара Џонсон е една од 10-те жени кои ја напуштиле канцеларијата во Калифорнија откако пријавиле системски проблеми во компанијата. Веднаш штом пријавиле проблеми кај човечките ресурси, наишле на недоразбирање. Џонсон тврди дека „компанијата не е способна правилно да се справи со токсичната работна средина“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста