Утрински Весник
Свет
Img 7972

Уште една кланица во Германија е жариште на вирусот, властите наредија итно затворање

Уште една кланица во Германија е жариште на вирусот, властите наредија итно затворање
300x250 opst2

Германските власти објавија дека наредиле да се затвори кланица во сопственост на прехранбената групација „Тониес“ поради ширење на коронавирусот меѓу работниците.

Погонот Видемарк во Согел во северна Германија мора да престане со колење на животни во петок, да заврши со комплетно пакување на месото до недела и потоа да ги затвори вратите, за почеток, 22 дена, објавија властите во округот Емсленд.

Нешто повеќе од сто работници, од вкупно 2.000, биле позитивни на коронавирус.

Од „Тониес“ порачаа дека претходните денови, во соработка со властите во округот Емсленд, презеле голем број мерки за да спречат нови случаи на зараза, оценувајќи ја наредбата за затворање на погонот како премногу груб потег на властите.

Тие посочуваат дека во Видемарк, работниците биле опремени со висококвалитетни заштитни маски FFP-2 и дека секојдневно биле тестирани за коронавирус. Таквите мерки веќе постигнаа некои резултати, тврдат од „Тониес“, најавувајќи правна постапка против владините наредби во Емсленд.

Ширењето на коронавирусот во неколку германски кланици ги принуди фабриките за преработка на месо да го преиспитаат процесот на работа, со оглед на загриженоста ширум светот за ризикот од пренесување на вирусот преку воздух.

Оваа година германската месна индустрија се најде на удар на критики за ангажирање на работници од Источна Европа, преку агенции за посредување, кои ги сместувале работниците во тесни објекти за престој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас ја потврдува посветеноста на мировниот договор, ги враќа телата на заложниците, меѓународните сили се подготвуваат

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб