Утрински Весник
Спорт

Уште еден тенисер изјави дека нема да се вакцинира

Уште еден тенисер изјави дека нема да се вакцинира

Москва, 13 мај 2020 (МИА) – Рускиот тенисер Карен Хачанов изјави дека не сака да се вакцинира против коронавирус. Светскиот бр.15 е втор тенисер за кој се знае дека има таков став на деликатната тема, откако минатиот месец лидерот во ранглистата на АТП, Новак Ѓоковиќ објави дека е против вакцинирање. Хачанов, кој моментно е трет рекет на Русија, учествуваше во разговор во живо на Инстаграм со новинарката Марија Команднаја.

– Ако се создаде вакцина за коронавирусот, тие прво мора да ја тестираат, на пример една година. Но, дури и во теорија, јас би одбил вакцинација, рече 23-годишниот играч, цитиран од „sovsport.ru“.

Хачанов исто така рече дека не очекува професионалната тениска сезона да продолжи пред септември.

– Ако треба да ги погледнеме работите трезвено, тениските турнири ќе се вратат во септември најрано. Ова е во најдобар случај. Тука е покомплицирано отколку во другите спортови затоа што треба да летаме цело време, рече Хачанов.

Тој го сподели и своето мислење за големото трио во тенисот – Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

– Од големите тројца, најтешко ми е да играм против Надал. Неколку пати бев близу до победа против него, но јас никогаш не го победив Рафа. На теренот разбирате дека он е машина. Во решавачките моменти тој не прави грешки, не ве пушта. Тој е како булдог, рече Русинот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство