Утрински Весник
Свет

Уште еден лекар во Албанија ја загуби битката со Ковид-19

Уште еден лекар во Албанија ја загуби битката со Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Уште еден лекар во Албанија почина од Ковид-19, што е шестти лекар кој ја губи битката со опасниот вирус.

Станува збор за 78-годишниот Зулиха Краја, познат хирург во пензија од Скадар, еден од основоположниците на современата хирургија во земјата.

Таа по појавата на пандемијата се вратила да им помогне на колегите во Регионалната болница во овој град каде и се заразила.

Била хоспитализирана пред неколку недели а последните денови интубирана. Таа е сопруга на познатиот драматург Фадил Краја.

Од 30 јуни кога битката со опасниот вирус ја изгуби Арјан Пуши, познат хематолог, професор на Медицинскиот факултет во Тирана, Краја е шести лекар кој умира како последица од Ковид-19. Сите со опасниот вирус се заразиле од контакт со пациенти.

Според Министерството за здравство и социјална заштита вчера регистрирани се нови 123 случаи со Ковид-19, или вкупно 9.967, излекувани се 150 односно 5.882 лица, додека починале пет пациенти или 306 од почетокот на пандемијата. Активни на болеста се 3.779 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година