Дебар, 26 мај 2020 (МИА) – Одделението за внатрешни работи од Дебар до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против В.К.(20) од Дебар осомничен за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
– При извршена контрола на 11-ти овој месец во 22:40 часот,
полициски службеници го затекнале пријавениот на улицата
„Џавит Уштеленца“ во Дебар, кој немал дозвола издадена од
надлежен орган за движење за време на полициски час.
Пријавениот е приведен поради непочитување на одлуката за
забрана на движење на населението, додава Димоски.
Тој посочи дека во текот на изминатото деноноќие,за време
на полицискиот час и спроведувањето на мерките за
ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на
коронавирусот, на подрачјето на ОВР Дебар не се
регистрирани непочитувања на истите.
Во истиот период, не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.
Инаку, во Дебар, кој беше првото жариште на Ковид-19 во
државава 41 ден по ред, не се регистрирани новозаразени
лица. Бројот останува 51 (две лица од Центар Жупа),од нив
излекувани 47, а починати се четворица. Во двете општини
нема лица ниту во изолација, ниту во самоизолација. вт/цр