Утрински Весник
Македонија

Уште два локали во Центар добија решенија за преземање мерки за намалување на бучава

Уште два локали во Центар добија решенија за преземање мерки за намалување на бучава

Редовните контроли на терен за мерење бучава од гласна музика од угостителски објекти од страна на овластените инспектори за животна средина од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар се одвиваат во континуитет, секој викенд од месец јули, во соработка со стручните лица од овластената лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“.

Во текот на изминатите два викенди, по спроведените акции во реонот на Дебар Маало и Кеј 13-ти Ноември и мерењета на бучава од локалите, решенија за преземање на мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучава во животната средина добија локалите „Инста кафе“, како најгласен во реонот и „Каса Кубана“, на кеј. По добиените решенија, угостителите имаат законски рок од 8 дена да постапат по истите.

Усна опомена за почитување на граничните вредности за бучава добија локалите „Папилон“, „Локал 45“ и „Харт бар“.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика