Утрински Весник
Спорт

Уште двајца играчи на Ватфорд под карантин

Уште двајца играчи на Ватфорд под карантин

Ватфорд, 23 мај 2020 (МИА) – Двајца други играчи на Ватфорд се ставени во карантин поради контакт со инфицирани од коронавирус, изјави директорот на тимот, Најџел Пирсон.

– Имаме уште двајца играчи кои се во изолација откако биле во близок контакт со две лица од нивните семејства кои се тестираа позитивно за коронавирусот. Самите играчи се негативни и се чувствуваат добро, изјави Пирсон за „Гардијан“.

Двајцата играчи, чии имиња не се објавени, им се придружија на дефанзивецот Адријан Маријапа и двајцата вработени во клубот, кои исто така се во карантин оваа недела заради позитивните тестови за Ковид-19.

– Овие случаи ги покажуваат компликациите со кои се соочуваме. Во петокот наутро, сите бевме тестирани за коронавирус и ги чекаме резултатите, рече Пирсон.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство