Утрински Весник
Македонија

Училиштата во Куманово очекуваат над 1500 првоодделенци

Училиштата во Куманово очекуваат над 1500 првоодделенци

Куманово, 8 јуни 2020 (МИА)  –  Во Куманово, во 16-те основни училишта, во новата учебна 2020/21 година во прво одделение можат да се запишат 1.693 ученика, соопштија, денеска, надлежните од Секторот за образование од општина Куманово. Раководителот на секторот, Жика Крстевски потенцира дека оваа бројка е согласно списокот од Државниот просветен инспекторат. Списоците се доставуваат по училиштата кои вршат упис според новите протоколи кои произлегоа поради пандемијата Ковид 19.

– Овие списоци не се ажурирани и треба да се каже дека училиштата, согласно нивните реони најдоа 1.505 ученика, 188 помалку од бројот на родените во 2014 и јануари 2015 година. Колку ќе се запишат ќе знаеме до крајот на месецов кога истекува уписот, вели Крстевски.

Во Куманово со години проблем е реонизацијата. Некои училишта се критични при запишување на деца додава Крстевски, меѓу нив „Вук Караџиќ“, „Толи Зорудмис“, а последниве години и „11 Октомври“, па затоа според новиот закон, мора да се почитува реонизацијата.

-Има одредени отстапувања, но уште еднаш им е укажано на одговорните од училиштата да ја почитуваат, бидејќи ќе следи реакција од Државниот просветен инспекторат, изјави Крстевски.

Уписот и покрај пандемијата непречено се одвива, велат надлежните од „Крсте Мисирков“ едно од централните училишта во Куманово. Таму, според реонизацијата можат да се запишат 150 ученика.

-Имаме по 20 минути пауза помеѓу уписите. Некои родители  не сакаат да ги изложуваат децата за тестирање, ќе утврдиме дополнителни термини да се испочитуваат протоколите за заштита, истакна директорот на училиштето, Александар Јовановиќ.

Ова училиште подготви и електронски формулари за упис за да им се излезе во пресрет на родителите кои поради работни обврски не се во состојба да дојдат физички да го запишат детето, оние кои се изолација, заболени.ам/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер