Утрински Весник
Македонија

Училиштата во Кочани подготвени за уписот на првоодделенците

Училиштата во Кочани подготвени за уписот на првоодделенците

Кочани, 28 мај 2020 (МИА) – Основните училишта во Кочани се подготвени за уписот на учениците во прво одделение што ќе почне од понеделник, а што поради здравствената криза со Уредбата за примена на Законот на основно образование во вонредна состојба, годинава ќе трае до 30 јуни.

Од училиштата информираа дека уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември годинава ќе наполнат шест години, но и за оние кои ќе пројават интерес, а се родени во јануари 2015 година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Службите во Општина Кочани веќе ја завршија распределбата на учениците по училишта според нивното место на живеење и апелираа до родителите да се придржуваат кон истата.

– Ги повикувам родителите на децата кои треба да се запишат во прво одделение, целосно да ја почитуваат реонизацијата и да ги запишуваат според добиените покани од училиштата. На тој начин, покрај законските одредби, ќе се почитува и одлуката за реонизација при упис во прво одделение, донесена од Советот на Општина Кочани. Родителите се должни при уписот да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини, како и за офталмолошки и стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Во матичната служба во Кочани се пријавени близу 300 деца кои, според годината на раѓање, од наесен треба да тргнат во прво одделение. Сепак, искуството од изминатите години покажува дека бројот на запишани ученици во прво одделение е за петнаесетина отсто помал, за што причина е иселувањето на дел од семејствата во странство или во други градови во државата.та/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кабинетот на Гаши демантира вмешаност на личното обезбедување

СДСМ: Министерката Кочовска ги омаловажи сите вработени во институциите

Реакција на ТАВ за инцидентот на скопскиот аеродром