Утрински Весник
Македонија

Училиштата во Карпош подготвени за прием на ученици

Училиштата во Карпош подготвени за прием на ученици

Основните училишта во општина Карпош деновиве интензивно се подготвуваат за почеток на учебната година од 1 октомври.

Како што информираат од општината, поставени се насоки на движење, дезинфекциони бариери, креативни упатства, клупи на растојание, ново – адаптирани училници.

За да се привлече вниманието на најмладите, на учениците од прво, второ и трето одделение сите упатства се со воочливи бои и симболи кои стимулираат интеракција и следење на протоколите.

Во училиштата, овие денови се врши и обука на наставниот кадар за работа на националната онлајн платформа. Локалната самоуправа обезбедува и дополнителна ИТ опрема (компјутери, слушалки и камери) за наставниците, со цел наставата да се одвива без пречки.

Секое од училиштата има и просторија за изолација, во случај ученикот да развие симптоми на коронавирусот.

Секое училиште има обезбедено и повеќе влезови, пристапи кон училниците.

„Ова е период кој бара одговорност од сите нас. Заради непредвидливоста на вирусот, никој не може да вети стопроцентна подготвеност, но Општина Карпош и управите на десетте основни училишта работат со сите капацитети за да се обезбеди безбеден прием на учениците до трето одделение и непречена настава по електронски пат“, велат од општината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Додека работниците чекаат, директорот на ДЗС добива покачување на платата вели Трендафилов

Митева: Владата презема конкретни мерки за грижа на сите повредени, Пониква станува рехабилитациски центар

30 дена притвор за Ристо Крмзов