Утрински Весник
Македонија

Учесници од девет земји ќе продефилираат на Интернационалната карневалска вечер во Струмица

Учесници од девет земји ќе продефилираат на Интернационалната карневалска вечер во Струмица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Струмица, 21 февруари 2020 (МИА) – Вкупно 46 поединечни и групни карневалски маски од земјава, но и од Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Италија и Германија ќе продефилираат на Интернационалната карневалска вечер која се одржува во рамките на Струмичкиот карневал на 29 овој месец и е главен карневалски настан.

Од Организацискиот одбор на карневалот информираат дека во поворката ќе продефилираат над 1.200 маскирани лица, кои пред стручното жири ќе ги претстават своите карневалски креации.

Домаќините ќе се претстават со најмногу маски, а покрај учесниците од странство ќе настапат и карневалисти од Радовиш, Кавадарци, Пробиштип и Куманово.

Осумдневните карневалски празнувања во Струмица почнуваат в среда, на 26 февруари, со традиционалното предавање на клучот од градот на карневалистите од страна на градоначалникот на Струмица.

Годинава Струмичкиот карневал одбележува триесет години од организираното одржување, а јубилејот ќе се одбележи под мотото „Струмички карневал-30 години ѕвезда под небото“. рт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицоски: За мене Македонија е свето име

Банкарски работник зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата, ќариле над 10.000 евра

Скопјанка тешко повредена, при нагло кочење паднала во автобус