Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Триесет и пет ученици од 11 основни училишта од Скопје, Тетово и Велес ќе одржат заеднички фудбалски тренинг со спортските ѕвезди Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ во рамки на спортскиот настан „Играј фер” што денеска ќе се одржи на фудбалското игралиште Локомотива.
Целта на овој настан, во организација на Агенција за млади и спорт, е запознавање, вмрежување и интегрирање на млади кои не доаѓаат од иста средина, надминување на стереотипите, како и зголемување на меѓусебната толеранција на млади од различни етнички средини и нивно поврзување преку фер спортска игра. вј/скс/