Утрински Весник
Македонија

Ученици од социјално ранливи семејства од Маврово-Ростуше ќе добијат таблет-компјутери

Ученици од социјално ранливи семејства од Маврово-Ростуше ќе добијат таблет-компјутери
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дебар, 5 мај 2020 (МИА) – Десет ученици од социјално ранливи семејства од општина Маврово и Ростуше ќе добијат таблет компјутери за да можат да ја следат наставата онлајн. Таблет компјутерите се донација на тетовската фирма „Еколог интернационал“.

– Станува збор за 10 таблет-компјутери за ученици кои потекнуваат од семејства од социјално ранливи семејства, со цел да им се помогне на децата од оваа категорија на граѓани, да можат не пречено да следат онлајн настава, информираа од општината.

Градоначалникот Медат Куртовски искажал голема благодарност до семејството Дестани кое е сопственик на компанијата.

-Со донацијата ќе израдуваме 10 ученици, кои немаа можност да следат онлајн настава, што се реализира на овој начин поради состојбата од корона вирусот, изјавил Куртовски.

Компанијата „Еколог“ донираше и 50 таблет-компјутери за ученици од Дебар, како и во многу други општини. вт/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе