Утрински Весник
Спорт

УФЦ: Рускиот „Драго“ загуби од Аспинал во непријателско опкружување во Лондон

УФЦ: Рускиот „Драго“ загуби од Аспинал во непријателско опкружување во Лондон
Dik 300x250 mk

Рускиот фајтер Александер Волков „совршено“ ја одигра улогата на злосторник на УФЦ Лондон вечерва, откако се предаде во првата рунда од главниот меч во тешка категорија против Британецот Том Аспинал во непријателска атмосфера.

Мечот заврши по нешто повеќе од три минути акција, кога Волков се предаде откако неговиот противник успеа да го собори и потоа да му ја „заглави“ раката.

Волков, кој носи прекар „Драго“ по противникот на Силвестер Сталоне во славниот „Роки 4“, е поранешен шампион во тешка категорија во Белатор и М1-Глобал сериите, но сега откако падна на 8-4 скор, тешко дека ќе добие шанса да се бори за титулата. 28-годишниот Аспинал, пак, сега има 5 победи во низа во УФЦ и ќе скокне од 11. место на рејтинг листата во тешка категорија.

> УФЦ: Рускиот „Драго“ загуби од Аспинал во непријателско опкружување во Лондон <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс