Утрински Весник
Спорт

УФЦ: Нунеш и се одмазди на Пења, ја врати бантам-титулата

Аманда Нунеш го исполни ветувањето дека ќе го смени својот стил на борби, и седум месеци откако ја загуби УФЦ титулата во бантам категорија, успеа да ја врати со доминантна победа на поени над Џулијана Пења (50:45, 50:44, 50:43) во главниот меч на УФЦ 227 во „Американ ерјлајнс центарот“ во Далас.

dobivaj vesti na viber

Со победата, Нунеш, можеби најдобрата фајтерка во УФЦ историјата, ја врати титулта која ја загуби од Пења на УФЦ 269 во декември.

„Лавиците, ако не успеат да го добијат пленот во првиот обид, поставуваат стапица и знаат дека ќе на крајот ќе бидат најадени“, изјави Нунеш.

34-годишната Нунеш, пред поразот од Пења имаше 12 победи во низа, и е првата фајтерка која одбранила две титули во посебни категории и вкупно има седум одбрани на титулата.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина